X
 12.05.2017 Култура

Руски научници направија вештачки вулкан


Вулкан
(Фото: Thinkstock)

Руски научници први во светот успеаја да направат симулација на вулкански процес со помош на машина за електронско заварување, пренесува агенцијата „Tass“.

Научниците од Институтите  за нуклеарна физика и геологија и минерали од сибирското одделение на Руската академија на науки, со таа машина ги растопиле карпите кои потекнуваат од вулканот Авачински на Камчатка.

Главниот научен соработник од Институтот за геологија, Виктор Шапаров, вели дека примената на машината ќе помогне во изработка на модели на сеизмичките процеси на длабочини меѓу 40 и 70 километри, како и за проучување на рудите.

Шарапов изјави дека експериментот со топењето на ксеолитот, карпа која лавата ја исфрла на површина, е многу важен затоа што овозможува увид во процесот на топење карпи на големи длабочини без влијание на надворешни фактори, како и на начинот на кој микроделовите од ксеолитот се претвараат во руда. Исто така, со примена на математички и физички модели, ќе можат да се предвидуваат сеизмичките активности.

„Се работи за прв ваков експеримент во светот, со единствена техника“, вели тој.

Електронската машина за заварување произведува 10 мегавати енергија на квадратен сантиметар и со неа може да се симулира и навлегувањето на метеорити во Земјината атмосфера, а со оглед дека достигнува  температура до 3.300 Целзиусови степени, може да топи и метали, дури и волфрам, кој е најтврдиот метал во периодичниот систем. Со помош на оваа машина, како што тврдат научниците, ќе биде можно да се создаваат и метали со определени својства, но и нанопрашина. 
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура