X
 29.09.2020 Здравје

Психологијата има поголема улога во нивото на шеќер кај дијабетичарите отколку шеќерот

Во фасцинантен нов експеримент истражувачи од Универзитетот „Харвард“ откриле дека психологијата има поголема улога во нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2 отколку вистинското внесување шеќери, барем привремено.

Психолозите Чанмо Парк, Франческо Пагнини и Елен Ленгер неодамна ги објавиле резултатите од своето истражување во кое учествувале 30 испитаници со дијабетес тип 2. Испитаниците ја посетиле лабораторијата во два наврата во период од три дена. Целта на нивните посети била да пијат пијалак без шеќер и пијалак со високо ниво на шеќер за да се видат ефектите на пијалаците.


Фото: Pixabay

Но истражувачите направиле трик. Впрочем, двата пијалаци имале исто количество шеќер - околу 15 грама. Истражувачите ги следеле нивоата на шеќер во крвта на испитаниците во интервали од 20 минути откако тие ги испиле пијалаците.

Откриле дека кога мислеле дека го пиеле пијалакот со шеќер, учесниците имале значително покачени нивоа на шеќер во споредба со тогаш кога мислеле дека пиеле пијалак без шеќер.


Фото: Pixabay

Сепак, истражувачите предупредуваат дека овој психолошки трик не е доволен за да се третира дијабетесот на долг рок. Како што пишуваат тие, откритијата не покажуваат дали психолошките ефекти имаат долгорочна ефикасност.

Генерално, истражувачите велат дека резултатите го поддржуваат психобиолошкиот модел за хронични болести кој сугерира дека психолошките интервенции може да влијаат врз биолошките процеси и да помогнат во лекувањето на некои хронични болести.

Автор: Рос Помрој
Извор: realclearscience.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје