Два мали острови што ѕиркаат над брановите во северниот дел од Тихиот Океан се само врвови на најголемиот вулкан во светот, покажува ново истражување.
Пухахону, што на хавајски значи „желка која испловува за воздух“, се наоѓа на 1.100 километри северозападно од Хонолулу. Тоа е таканаречен штитест вулкан кој се издигнува на околу 4.500 метри од дното на океанот, а има само еден извор на лава.
Во анализа објавена месецов,
истражувачите претпоставуваат дека Пухахону има околу 150.000 кубни километри карпа. Но само една третина од тие карпи се над дното на морето, додека другите се закопани под материјали што еродирале од врвот. Вулканот е толку голем, што поради него површината на земјата во близина потонала стотици метри во период од милиони години.
Фото: Pixabay
Мерејќи од дното на морето до неговиот врв, Мауна Лоа е највисокиот штитест вулкан на Земјата, но тој не е ниту приближно голем како Пухахону во однос на волумен. Според истражување од 2013, Мауна Лоа има волумен од 83.000 кубни километри.
Таму Масиф, со волумен од 7 милион кубни километри, некогаш се сметал за најголемиот штитест вулкан во светот. Но, сега се смета дека тој се формирал од повеќе извори на лава, па таа титула ја има Пухахону.
Автор: Сид Перкинс
Извор:
sciencemag.org