X
 23.11.2023 Наука

Видео од дрон покажува како изгледа исландскиот град на кој му се заканува ерупција

Исландските власти целосно го евакуираа градот Гриндавик поради можноста од вулканска ерупција во југозападниот дел на земјата. Неодамна објавените снимки од дрон ја покажуваат штетата и ситуацијата во овој град.

Рибарскиот град Гриндавик беше евакуиран пред една недела бидејќи магмата изби од земјата по илјадниците земјотреси регистрирани неодамна. Снимките од дрон покажуваат пукнатини на улиците предизвикани од земјотреси.

Властите за цивилна заштита рекоа дека дури и да не се случи ерупција, веројатно ќе поминат месеци пред жителите евакуирани од опасната зона безбедно да се вратат дома. Гриндавик, град со 3.400 жители, се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, околу 50 километри југозападно од главниот град Рејкјавик.



Извор: Klix
Насловна фотографија: X (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука