X
 17.05.2017 Образование

Зошто бојкотираа учениците во СУГС „Никола Карев“

Бојкот  наставата во СУГС  „Никола Карев“ денеска немаше, од училиштето велат учениците уште кога се запишуваа знаеја дека од трета ќе бидат поделени во нови паралелки



Во скопското средно училиште  „Никола Карев“ денеска немаше бојкот  на наставата од учениците кои се втора година. Меѓутоа остануваат на ставот да останат во исти класови и во трета година. Не сакаат да има промена во составот на паралелките, според насоките, смеровите, кои ги избрале.

Ученици од училиштето во анкета велат дека денеска не бојкотирале, биле на сите часови, бидејќи професорите им укажале дека за отсуствата ќе имаат неоправдани.

-Ни рекоа дека е задолжително, на учениците кои присуствуваат на бојкотот да им бидат пишани неоправдани.
-Вчера не бевме на првите два часа и за тоа добивме неоправдани.
-Револтот вчера беше уште повеќе предизвикан бидејќи од училиштето не ја разгледаа молбата.

Додаваат дека до директорката на училиштето доставиле десет аргументи зошто не сакаат од трета година  да бидат поделени во ново формирани паралелки.

-Еден од аргументите е дека соработката на учениците во овие две години е на добро ниво, поделбата нема да даде резултати.
Од СУГС „Никола Карев”, велат учениците од училиштето во втора година се определуваат за одредено подрачје исто како во сите гимназии во Скопје и во земјава.

-Согласно изборот на смеровите , се распределуваат учениците во класовите. Ова не е новина, функционира веќе пред неколку години. Учениците уште кога се запишувале се применувало тоа во втора година да изберат предмети,  а со во трета година да бидат распределени во  ново формирани класови.
Учениците добиле неоправдани додаваат од училиштето бидејќи вчера не беа присутни на часови.
Подготвил: В.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование