Глобалниот приход во киноблагајните се очекува да порасне на 33 милијарди долари во 2025 година, што е за 8 отсто зголемување од проценетите 30,5 милијарди долари во 2024 година, според најновата прогноза на „Гоувер стрит аналитикс“.
- 2025 година ќе биде силна година за глобалните приходи од киноблагајните, поттикнати од богатите репертоари на големите студија и независните продукции - вели Димитриос Мициникос, извршен директор на „Гоувер стрит аналитикс“.
Нови продолженија на „Аватар“, „Џон Вик“...
Клучните филмски продолженија што ќе ја одбележат 2025 година вклучуваат нови делови од серијалот „Аватар“, филмовите на „Марвел“, „Невозможна мисија“, „Џурасик парк“, „Џон Вик“ и „Повикување“. „Супермен“ на Џејмс Ган ќе лансира нова серија на Ди-си, додека продолжението на „Дизни“, „Зутопија“ сака да го повтори успехот на неговиот претходник.
Главниот аналитичар на „Гоувер стрит“, Томас Беранек, ја посочува 2025 година како потенцијална пресвртница, забележувајќи го зафатениот распоред кој вклучува нови делови од франшизата „Одмаздници“, „Спајдермен“, „Супер Марио брос“, „Војна на ѕвездите“, „Приказна за играчките“, „Шрек“.
Компанијата за аналитика забележува дека овие проекции се прелиминарни и подложни на промени.
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube