X
 17.06.2024 Култура

Се снима римејк на култниот филм „Офицер и џентлмен“, а овој актер ќе го наследи Ричард Гир

Студиото „Парамаунт“ работи на модерен римејк на познатата романтична драма „Офицер и џентлмен“. Главната улога ќе ја толкува Мајлс Телер, ѕвездата на филмот „Топ Ган: Маверик“.

Претходник на „Топ Ган“

Оригиналниот филм беше премиерно прикажан во 1982 година и беше огромен комерцијален и критички хит. Главните улоги ги толкуваат Ричард Гир и Дебра Вингер.

Заплетот го следи Зак Мејо, млад човек кој влегува во воено училиште кое обучува пилоти за поморска авијација. По три месеци обука Зак почнува да разбира што е воена дисциплина, има посилен карактер особено кога се соочува со наредникот Фоли, кој грубо ги елиминира сите „слаби“. Истовремено, тој се заљубува во една локална девојка, но се обидува да ги контролира своите чувства за да не се врзе. Самоубиството на пријател го принудува Зак да го преиспита својот поглед на животот. Како резултат на тоа, тој успешно го завршува подготвителниот курс и ја запросува својата девојка.

Филмот „Офицер и џентлмен“ многумина го сметаат за претходник на „Топ ган“. Филмот доби шест номинации за „Оскар“ и освои две: една за најдобра песна и една за најдобра споредна машка улога.

 

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура