Во текот на изминатите две години, меѓународен тим на научници откри повеќе од 1.500 мистериозни фрагменти на коски во мала пештера во Јужна Африка.
Во четвртокот наутро, екипата објави дека фосилите се од нов вид на древни луѓе за кои се верува дека живееле пред 2 до 3 милиони години и се наречени: Хомо наледи.
Овие древни луѓе личеле на еден друг прастар хомонин, наречен Хомо еректус, но тие имале помали мозоци, и повеќе личеле на горилата. Постојат дури извонредни докази дека тие ги погребувале нивните тела - нешто што научниците претходно мислеле дека го прават само современите луѓе.
Кога станува збор за проучување на човечката еволуција, ова е навистина голема работа. До денес, ние познаваме само мал број на други видови слични на нас кои се вклопуваат во нашиот род: Хомо. Научниците ќе дебатираат за именувањето на Х.Наледи, нешто што го прават за сите новооткриени видови, но факт е дека овие фосили, даваат фасцинантен увид во новиот дел од нашата античка историја.
Како сме поврзани со овие нови видови?
Тешко е да се одговори. Теоретски, тие може да се нашите директни предци. Но, поголема е веројатноста тие да биле роднини на нашите предци, кои се оддалечиле, еволуирале со свои уникатни карактеристики и во некој момент изумреле.
Што знаеме? Добра аналогија за нашата актуелна ситуација е дека голем дел од полу-човечките видови кои ни претходеле имале комплицирано, густо, разгрането семејно дрво. Но, денес секоја гранка од дрвото исчезна, минус последните гранки: ние.
Користејќи фосили, можеме да добиеме груба идеја за тоа како изгледале некои од овие гранки, но е доста тешко прецизно да се состават сите заедно.
Како такви, ние знаеме десетина и повеќе видови кои еволуирале во некој период во изминатите 10 милиони години - кога нашите претдци се издвоиле од предците на шимпанзата но не знаеме точно кога овие видови се вклопиле заедно.
Хомо групата вклучува ги вклучува современите луѓе, како и неколку релативно нови видови кои се тесно поврзани со нас: На пример, Хомо еректус се движеле исправено. Спротивно на тоа Австролапитекус, постарата група која го вклучува фосилот „Луси“ - имала многу помал мозок.
Научниците позади ова откритие, предводени од Ли Р.Берџер од Универзитетот од Јоханесбург, велат дека Хомо наледи припаѓаат на Хомо групата. Други научници пак, го оспоруваат фактот - иако можеби се вклопуваат таму, тоа не значи дека тие биле нашите предци.
Како изгледале новите видови?
Доколку би сретнале Х.наледи, би имале проблем - не би можеле да познаете дали е човек или мајмун. Научниците веруваат дека просечната индивуда биле високи околу 1.52 сантиметри и имале 45 килограми. Поголем дел од функциите на овие суштества - особено нивните стапала и релативно долги нозе, изгледале слично на нашите. А пропорциите на нивниот череп (со мали азби и стеснато лице веднаш позади очите) исто така грубо личат на нашите лица и другите видови на родот Хомо.
Во исто време овие черепи се многу помали од нашите.
Како тие живееле?
Се`уште не се знае многу за нивниот животен стил. Нивните нозе и раце покажуваат дека се движеле исправено, но исто така, поминувале доста време качувајќи се на дрвја. Научниците шпекулираат дека со нивните раце можеле да направат алатки, но не знаеме сигурно, а не биле пронајдени ниту камени алатки во пештерата.
Едно фасцинантно нешто во врска со нивниот животен стил било тоа што биле пронајдени тела во мала пукнатина во пештерата. Сето ова ги натерало научниците да заклучат дека Хомо наледи ги погребувале мртвите тела. Доколку ова е вистина, тие би биле најстариот пример за погреб.
Зошто научниците се возбудени за сето ова?
Една причина е богатството на фосили кои се открија со ова откритие. Некои од древните хомини имаат само неколку парчиња коска. Овде, научниците пронашле повеќе од 1.500 видови фосилни парчиња од најмалку 15 различни лица, на различна возраст, со што овозможува да се видат варијации во рамките на видовите.