X
 04.02.2016 Култура

Џон Рокфелер: Личноста која работи цел ден, нема време да прави пари

Самото име на магнатот Џон Рокфелер е синоним за богатство и успех. Тој го создал своето богатство почнувајќи од ништо; подоцна, во текот на неговиот живот тој постепено донирал дел од неговото богатство во добротворни цели.

Ова се некои од неговите совршени правила за живот кои му помогнале да достигне толку високо и да биде толку успешен.

Целта во животот и бизнисот нека ти биде: претворање на катастрофата во можност.

Не се плашете од големите трошоци, туку од малиот приход.

Личноста која работи цел ден, нема време да прави пари.

Вашата благосостојба зависи од вашите сопствени одлуки.

Ако вашата единствена цел е да станете богати, тогаш никогаш нема да го постигнете тоа.

Пријателството кое е основано врз бизнисот е подобро отколку бизнисот основан врз пријателството.

Дали знаете што ми претставува и ми дава најголемо задоволство? Кога моите дивиденди доаѓаат.

Покрај правилните постапки, најважното нешто е да им дадеш до знаење на луѓето дека ти навистина правилно постапуваш.

Порадо би вработил човек со ентузијазам отколку човек кој знае се`.

Добриот менаџмент се содржи од тоа да им покажете на просечните луѓе како да извршуваат работата на луѓето кои се далеку посупериорни во однос на нив.

Упорноста ќе ви помогна да достигнете се, без разлика дали е нешто правилно или неправилно, добро или лошо.

Никој не знае што ќе биде во животот, но секогаш е важно да се запомни дека сте родени за нешто посебно.

Не се плашете да се откажите од добро, за да преминете на одлично.

Можете да ја дадете сметката за секој заработен милион, освен за првиот.

Воспоставете репутација која подоцна ќе работи во ваша корист.

Способноста да се справите со луѓе е продажна стока како и шеќерот и кафето. И јас би платил повеќе за таа способност.

Мислам дека не постои друг квалитет важен за успехот од упорноста. Упорноста надминува речиси се`, дури и природата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура