X
 22.05.2017 Живот

Зошто сѐ помалку деца се раѓаат на југот на Европа?


Татко и дете
(Фото: Profimedia)

Во просек една петтина од жените родени во седумдесеттите години на минатиот век ќе останат без деца во медитеранска Европа, тренд што не е забележан од Првата светска војна, велат податоците на Витгенштајновиот центар за демографија и глобален човечки капитал, стациониран во Виена.

Стапката на наталитетот во регионот се вратила на нивото пред кризата од 2008 година. Жените во Шпанија, во просек имале 1,47 деца по домаќинство, во однос на 1,24 осум години претходно. Но, тој пораст исчезнал. Во Италија, Португалија и Грција, стапката на наталитет изнесува околу 1,3.

Моменталната стапка е многу под зацртаната бројка од 2,1 што е неопходна за да се одржи популацијата, наведува Еуростат.

Политичка аналитичарка од Атина одлучила да заборави на деца со објаснување дека „постои преголема неизвесност“. Невработеноста меѓу жените е 27 отсто, додека кај мажите е 20 проценти.

Ризиците од економските проблеми се сѐ пораширени и се предупредува на последиците од нив. „Ниската стапка на наталитет на југот ќе значи и послаб раст и продуктивност, што за возврат ќе донесе нови фискални проблеми“, вели Сајмон Тилфолд од Центарот за европска реформа во Лондон.

Во текот на кризата во Грција еродирал прогресот кон родова рамноправност, наведува Европскиот парламент. Жените пријавуваат дека не можат да се вработат ако работодавачот процени дека се во годиини за раѓање или, доколку забременат, нивните договори се редефинираат на определено време.

Извесна Анастасија Економополу вели дека менаџерите на продавницата во која работи, не сакале работнички кои би можеле да забременат. Таа пред извесно време се обидела да забремени по вештачки пат, па нејзината плата била намалена за 30 отсто.

Други, пак, во овој тренд гледаат благослов.

Професорот Бирон Коцаминис од Универзитетот во Солун смета дека додека владее голема невработеност во Грција, позитивна страна е што нема бејби бум.
Но, земјите кои се погодени од кризата, би можеле да се соочат со сурови последици.

„Ако не го исправиме постоечкиот тренд, за дваесет години ќе бидеме земја на старци“, вели Димитрос Карелас, генерален секретар на Министерството за труд и социјална политика на Грција. „Факт е дека тоа е катастрофална ситуација.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот