Министрите за образование на членките на Европската Унија потпишале заедничка изјава за ситуацијата со жените во Авганистан во врска со нивното право на образование.
- Многу сме загрижени поради кршењето на човековите права на жените и девојките во Авганистан, особено поради сериозните ограничувања на правата на образование на авганистанските жени и девојки. Исклучувањето на жените и девојките од јавните сфери ги загрозува позитивните промени постигнати во последните две децении и има сериозни последици како на поширокото општество така и на поединците на кои им се скратуваат правата - стои во изјавата.
- Образованието е основно човеково право, содржано во Универзалната декларација за човекови права, која ја потврди и Авганистан. Секоја личност во Авганистан има право на образование. Еднаквиот пристап до образование е темел за универзалните вредности, вклучувајќи ги слободата на изразување, принципот за недискриминација и рамноправност на половите.
- Еднаквиот пристап до образование се користи низ светот. Образованието е и вложување во иднината, кое ги промовира благосостојбата на поединецот и севкупниот напредок на нашето општество. Образованието помага во борбата против социјалната исклученост и намалувањето на сиромаштијата. Осигурувањето праведно квалитетно образование и промовирањето на можноста за целоживотно учење се едни од целите за одржлив развој, кои исто така ги поддржа Авганистан - пишува во изјавата.
Изјавата била напишана како реакција на ситуацијата со образованието на жените во Авганистан, која се влошува по преземањето на власта од страна на талибанците. Таму многу девојчиња мора да поминуваат десетици или стотина километри за да може да се образоваат, што им беше гарантирано со претходната власт. За некои, образованието е целосно оневозможено а ветувањата за враќање на училиште не се исполнети.
Извор:
Studentski
Фото: Pixabay