По освојување на алгебрата уште во градинка и геометријата во второ одделение, Стефани Муи, 17, се здоби со повеќе дипломи и тоа пред да заврши средно училиште.
Фото извор: George Mason University
Оваа генијална девојка основите ги научила со помош на картички, а додека да стигне до петто одделение била запишана и на калеџ. Стефани има диплома по математика, а оваа недела ѝ била доделена и магистратурата исто така по математика.
„Таа е екстремно паметна, знае што сака и е бестрашна“, вели Џорџ Мејсон, помошник декан на Академијата на науките.
Додека студирала на колеџ, била запишана и во средно училиште каде што треба да матурира во јуни. После тоа планира да се запише на докторски студии, но првин сака да го помине летото со филмови и пливање со пријателите.
За многумина нејзините
достигнувања се чудни, но таа вели дека се само дел од нејзиниот живот.