Во едно средно училиште во Северна Каролина, направена е соба за сиромашни студенти во која се наоѓаат основни потреби како што е храна, училишни работи, хигиенски производи и облека.
Со цел да се елиминира било каква дискриминација, учениците можат дискретно да одат и во целосна приватност од полиците да го земат она што им е потребно.
Со оглед на тоа што пристапот до собата е анонимен, воопшто не се промовира, не се поставени плакати, а веста се шири усно. Директорката Мисти Вокер изјавува дека идејата ја добила откако станала свесна за потребите на учениците. Таа се потсетила како учениците лично и` приоѓале и и` барале предмети како четка и паста за заби.
Собата првично била наменета само за хигиенски материјали кои училиштето ги добивало во соработка со организацијата „Brighte Futres“ која им помага на училиштата и заедниците. Поттикнати од успехот од овој проект, локалните донатори помогнале да се прошири инвентарот и донирале облека, школски прибор и храна.
Собата е веќе достапна повеќе од еден месец, а Вокер проценува дека околу 15% од учениците досега ја искористиле.