X
 01.07.2018 Технологија

Средно училиште за гејмери

Средното училиште „Јунг Пинг“ во Тајван прво во светот нуди настава за професионално играње игри. Станува збор за средно училиште во кое има насоки и за автомеханичари, кувари, графички дизајнери и туристички работници.

На насоката за игри ќе се запишат стотина ученици во септември оваа година, но сите тие треба да се изберат уште една од постоечките насоки. Покрај тоа што ќе го гледа успехот од основното училиште, упправата ќе посвети внимание и на интервјуата со кандидатите и на нивните квалификации со цел да се уверат дека способноста на кандидатите кога станува збор за игри е навистина одлична.

Меѓу вработените во училиштето има „пензионирани“ е-спортисти, кои во моментов предводат гејминг тим надвор од наставата, но од септември веќе тоа ќе влезе во наставата.

Се разбира, учениците од септември нема само да играат игри. Бидејќи станува збор за приватно училиште, тоа има слобода да избере предмети кои ќе ја сочинуваат програмата. Така учениците ќе имаат часови каде што ќе научат како да состават или поправат компјутер, како различни компоненти влијаат на ефикасноста, ќе ја изучуваат историјата на компјутерските игри и основите на односите со јавноста и маркетингот.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија