X
 28.06.2022 Економија

Секој петти работник планира да даде оставка во 2022

Експертите долго зборуваат за големиот број работници кои ги напуштаат своите работни места од почетокот на пандемијата. По подолг период на работа од дома, многумина дадоа оставка за да се фокусираат повеќе на приватниот живот. Овој бран на оставки продолжува и оваа година.

Според истражување од консултантската фирма „PwC“ спроведено на над 52.000 вработени лица од 44 земји и територии, еден од петмина планираат да дадат оставка во 2022 година. Анкетата била спроведена во март годинава.

Дури 71 отсто од испитаниците кои планираат да го напуштат работното место откриле дека платата е главен фактор за оставката. Мажите повеќе од жените изјавиле дека не биле платени соодветно на работата.


Фото: Freepik

Освен платата, задоволството од работата и можноста да се биде свој на работа биле најважни фактори. Флексибилноста на работа е уште еден битен фактор за вработените, а 26 отсто би сакале да работат само од дома.

Помеѓу испитаниците кои не може да работат од дома имало поголемо незадоволство од работата во споредба со работниците кои делумно или целосно работат од дома.

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија