X
 24.05.2017 Технологија

Познат хакер го проби безбедносниот систем на Галакси С8

Футуристичниот скенер на ирис на Галакси С8 звучи како да е најсигурниот начин да го заклучите телефонот.

галакси с8


Но, хакерот Џен Крислер, кој е познат како Старбаг, во видео објавено неодамна покажува дека и покрај импресивната технологија, безбедносниот систем може да биде разбиен на релативно лесен начин.

Како што прикажува видеото, Старбаг може да направи инфраред фотографија од лицето на личноста со користење на ноќно светло во поставките. Потоа фотографијата ја печати на обичен ласерски печатач и ја измамува камерата со тоа што поставува контактни леќи на сликата за очите да изгледаат како вистински.

Ова не е прв пат Старбаг да успее да пробие технички уред. Претходно тој го има рекреирано отпечатокот од прест на министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лејен, со помош на слики од нејзиниот отпечаток и е еден од првите кој ја заобиколи идентификацијата со допир на Епл со лажни отпечатоци само неколку дена по пуштање во употреба.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија