Мариа Лорена Рамирез има 20 години и е припадничка на индијанското племе трчачки народ Тарахумара или Рарамури, која неодамна победи на маратонот Ultra-Traila Cerro Rojo одржан на 29 април во мексиканската држава Пуебло.
Фото извор: trcimjerstrcim.blogspot.mk
На трката од 50 километри учествувале 600 тркачи од 12 земји, а она што особено изненадува во случајот е дека таа ги надминува учесниците со најсовремена опрема за трчање со своите сандали кои во нејзиното племе се изработуваат од стари автомобилски гуми. Наместо опрема за трчање таа носела сукња, исто како и секој ден кога минува по 10-15 километри.
Трката ја завршила за 7 часа и 3 минути и освоила 300 евра парична награда за освоеното прво место во женска категорија. Минатата година успеала да стигне втора на истите трки.
Фото извор: trcimjerstrcim.blogspot.mk
Иако припадниците на нејзиното племе се познати како најдобри маратонци на светот, ретко настапуваат на трки затоа што концептот на натпреварување не им е познат. За нив трчањето е повеќе начин на живот и кореспондира со нивната култура на живеење.
Малкумина сепак, се обиделе да се натпреваруваат со цел да
заработат и да однесат храна во своето село.