X
 29.05.2017 Образование

Матурските прослави станаа натпревар помеѓу децата, но и родителите

Завршувањето на средното образование, треба да се одбележи. Матурата, е премин од  детство во состојба на зрелост. Секаде во светот се практикува.  Се почесто матурските прослави освен од училиштата се организираат и од родителите, по ресторани или дома, канат гости како за свадба. Социологот, проф. д-р Илија Ацески од „Филозофски факултет” при Универзитетот „св. Кирил и Методиј” вели дека самото одбележување,  не треба  да ги потенцира големите разлики меѓу луѓето. Сето тоа води кон кич, помодарството, натпревар помеѓу децата.



 За прославата младите сакаат да изгледаат како некој пејач или пејачка кои значат нешто во медиумскиот свет. Да бидат во ресторан каде се плаќа многу и тоа всушност е најголемото значање, дека јас го правам тоа, не се штедам, трошам,  а тоа значи дека и во мојот живот  ќе биде таков, раскошен, весел. Што е голема заблуда, од многу нешата. Многумина граѓани  живеат со просечна плата, ама за матурската вечер за своето дете трошат, три четири плати.

- Јас сум тој, кој моето семејство ми овозможува да се возам во добар автомобил. Тоа нема врска со зрелоста. Одбележува статус на дечкото или девојката што е кич. Станува натпревар, јас колку  можам да овозможам материјална димензија на тој настан. Па, ќе речат како е облечен, каков автомобил има. Тоа не се совпаѓа со вредности кои имаат суштинска природа.  Треба да се одбележи на начин кој што ќе ги долови тие вредности на човеково живеење,   дека навистина тие луѓе ќе бидат поодговорни. Со ставот, мора да имам одело или фустан кој многу вреди, другите ги понижувате. Задоволства родителот пружа со цел неговото дете да не се почувствува различно вели социологот, проф. д-р Илија Ацески од Филозофски факултет при Универзитетот „св. Кирил и Методиј”.


проф. д-р Илија Ацески

Често партнерот ја зема партнерката од дома или рестранот каде слави со блиските. Да стигне до таму дури изнајмува автомобил, тоа влегува во една церемонија и да се покаже еве кој сум јас. Тоа ја нема вредноста на зрела личност.  Се сѐ сведува на имитација, нема оргиналност.  Јас сум сличен на тој, кој ние го сметаме за успешен.

Професор д-р  Илија Ацевски вели дека и училиштата треба да  работат со младите да бидат скромни и појаки во сознавањата. Да сфатат дека вредноста не се состои во таа посуштинска димензија, ако носат чевли од 500 евра. Тоа не ги прави посупериорни од другите.  Од најмала возраст да сфатат кои се вистинските вредости, бидејќи во спротивно разочарувањето во животот потоа ќе биде големо. 

Според професор д-р Јован Пејковски кој докторил на „Економски факултет”, а предава на „Филозофски”, економски предемети, матурската прослава како настан е дел од  социјално живеење и опкружувањето. Во земјава како по традиција се слави манифестационо, бомбастично, со голема помпа. Тоа е така вели, веројатно дека  детето штом наполни 18 години станува самостојно. Едни ќе почнат да работат, други да студираат. Родителите се тие кои се изложуваат на сериозен трошок .

- Кај нас се вели: „ Се штеди, да се има, за арно и за лошо”. Најмногу пари се даваат за свадби, крштевки, сунети... За прослава на матурата, родителите вложуваат со  цел  детето  да не биде поназад од средината во која што е, започнува таа трка.  Некој добиваат скапи подароци, автомобили, одела. Девојчињата скапи тоалети, накит, патувања во странство, сериозни трошоци, кој на крајот завршуваат со една помпа и сѐ сведува на сликање, помнење на настан кој останува како белег во животот, рече проф. Јован Пејовски од Филозофски факултет при Универзитетот „св. Кирил и Методиј”.


Проф. д-р Јован Пејковски

Не можеме  да излеземе од она што се нарекува стил на живеење , додава проф. д-р Пејковски, но може да се разговара повеќе со младите, преку едукативна подлога да се насочат. Откако ќе го завршат школувањето да се орентираат кон бизнис идеја, претприемничко работење. Наместо да се трошат парите во една таква забава, која е убава,  добро е да размислуваат што потоа, бидејќи матурата завршува доаѓа реалниот свет, доаѓаат испити.  Добро е тој убав настан биде почеток на една трка во пазарното живеење.Човекот е економско суштество, мора рационално да размислува.
Подготвил: В.М

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование