X
 08.03.2019 Култура

На Славјански традиционалнo беше прославена руската Прочка – Масленица

Во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ - Свети Николе, 11. година по ред, свечено беше одбележана Масленица, руска Прочка.

1

Настанот, на кој присуствуваа околу 200 граѓани од повеќе градови на Македонија, беше во организација на Меѓународниот славјански универзитет, Амбасадата на Руската Федерација во земјава и Сојузот на друштвата за македонско-руско пријателство.

3

4

Гостин на овој настан беше и амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.

4

5

Прославата се одржа на 7.03.2019 (четврток) во големиот амфитеатар на Славјански во Св. Николе.

Масленица претставува испраќање на зимата и дочек на пролетта. Тоа е еден од највеселите руски празници. Еден од највпечатливите обичаи претставува палењето на сламената кукла, која ја симболизира старата година. За Масленица традиционално се подготвуваат и топли палачинки.

2

8

На овој настан учество зедоа: Вања Жинжировска, Евгенија Милошевска и Светлана Пужевска од составот „Чајка“, градскиот хор од Штип, најмалите игроорки од ФА „Јанко Глигоров“ од Свети Николе и оперскиот пејач Тодор Арсовски од Штип.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура