X
 02.06.2017 Култура

Нови прашања за добивање на американска виза

пасош

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испрати нови прашалници во американските амбасади и конзулати, во кои се бараат и податоци за активностите на социјалните мрежи од луѓето кои бараат американска виза.

Според новиот прашалник, од кандидатите за виза се бараат информации за профилите на социјалните мрежи во последните пет години како и биографија за последните 15 години. Освен тоа, може да бараат информации и за старите патни исправи.

Прашалникот е дел од проширениот визен режим кој на 23 мај беше одобрен од администрацијата во согласност со најавата на Трамп. Критичарите тврдат дека прашалникот ќе биде дополнителен товар и дека ќе одврати многу од поднесените барања за визи, посебно кај професионалците и студентите.

Администрацијата објаснува дека прашалникот ќе го пополнуваат луѓе поради безбедносни причини. Давањето информации ќе биде доброволно, но прашалникот ќе влијае врз одлуката дали ќе биде одобрена виза за влегување во Америка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура