X
 07.06.2017 Наука

На повидок нов начин на третирање на дијабетесот?

За да го контролираат шеќерот во крвта, луѓето со дијабетес тип 2 постојано треба да користат лекови, особено ако секојдневно треба да примаат инсулин.


Истражувачите работеле на пронаоѓање нов метод кој би овозможил подолго задржување на лековите во организмот, односно начин со кој ќе се намали секојдневното примање на инсулин. Истражувањето било спроведено на глувци и мајмуни и покажува потенцијал за лекување кое ќе бара само две инјекции инсулин месечно.

Последните генерации на лекови за дијабетес 2 содржат молекула наречена „GLP1“, која го стимулира создавањето на инсулин во телото, само кога е потребно повеќе глукоза. Но, бргу се разредува во телото. Во комбинација со други молекули, можно е да се продолжи дејството на молекулата, но таа метода трае само околу 3 до 7 дена.

Во моментов, пациенти во САД имаат неколку можности за инјектирање еднаш неделно, но научниците бараат начин за да го продолжат дејството на лекот. Тим на истражувачи од универзитетот Дјук успеале да ја комбинираат молекулата со биополимерна молекула која започнува како течност на пониски температури, а се трансформира во гел како реакција на телесна температура. Ова значи дека решението може да биде едноставна инјекција, па кога ќе се најде во телото, лекот се ослободува многу бавно, па може да го контролира нивото на глукоза подолго со само една доза. Истражувачите го испробале ова решение на глувци и мајмуни, па резултатите покажале контролирање на нивоата на глукоза 10 дена по инјекцијата кај глувците, а кај мајмуните, кај кои метаболизмот е побавен, 17 дена.

Иако не се работи за многу долг период, сепак е подобро отколку секојдневно примање на инсулин. Сепак, научниците сметаат дека оваа метода подобро ќе резултира кај луѓето бидејќи тие имаат уште побавен метаболизам од мајмуните, па можеби ќе биде можно да примаат само една инјекција месечно.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука