X
 10.10.2016 Живот

"Facebook" групи - место каде што денес се одгледуваат децата

Мислам дека во нашиот регион не постојат многу мајки кои ги одгледуваат своите деца слепо слушајќи ги советите на педијатрите и нивните познати методи. Верувам дека е добра работа што достапноста на информации е луксуз, за која денешната генерација на мајки треба да биде благодарна, но, исто така сметам дека треба да се обидат да го искористат на подобар начин. А што тоа значи?

Пред се, треба внимателно да се разгледа каде барате информации и кого слушате кога станува збор за здравјето, исхраната и воспитувањето на вашето дете. Групите на “Facebook“ не се тоа место. Јас не велам дека не е можно да бидат корисни, не можат да помогнат во обезбедувањето на вистински информации, но кога на нив во целост се потпирате, тоа може да биде голем проблем.


Facebook мајки


И јас сум член на неколку групи на “Facebook“, главно оние кои се поврзани со родителството, исхраната, воспитувањето и растењето на децата. Многу корисни нешта видов и научив таму, но, за жал има многу повеќе лоши и погрешни совети.

Бидејќи јас веќе имам “повеќе години искуство" во таа смисла, морам да изнесам неколку дополнителни забелешки, кои може да им помогнат на младите мајки.

1. Исхрана

Ми се чини дека тука се создава најголема полемика и контроверзност, а мајките остануваат збунето, не знаејќи дали да го слушаат педијатарот, својата мајка или некоја мајка на “Facebook“, за која ништо не знаат. Вистината е дека педијатрите не се експерти за оваа тема, како и нашите баби. Точно е дека нас некогаш не хранеа со кравјо млеко и грав од 3 месеци и ете ние испаднавме супер (освен што имаме проблеми со стомакот, лоши навики во исхраната и проблеми со прекумерна тежина), не значи дека треба да ги следиме овие совети.

Од друга страна, многу “Facebook“ групи кои се занимаваат со исхрана се до тој степен загрижени што по малку наликуваат на секта. Ако случајно спомнете дека планирате да го храните бебето од 5 месеци, веднаш ќе почне лавина од напади и покана да се исклучите од групата, бидејќи не ги почитувате правилата. Тоа што се стремат за здрава исхрана, врз основа на зеленчук, овошје и житарици наместо на инстант каши е секако за пофалба. Но, драги мајки, не ги напаѓајте младите мајки кои се одлучиле две недели порано да започнат да го хранат своето дете или што кајсија му даваат еден месец порано отколку што е напишано на табелата, кои поголемиот дел ја имаат дома. Внимаваат како да не ги отрујат своите деца. Кога веќе дошле во групата да прашуваат, значи дека се грижат и им е важно. Нема потреба да се биде строг, децата не се роботи.

2. Лекување

"Леле има температура од 39,7 веќе два дена! А совен тоа има осип на задникот, еве се гледа на сликата. Што да направам, дали да одам на лекар? "Не, немој на одиш на лекар, подобро е во некоја група прашај неколку мајки што да правиш со детето кое е болно два дена“. Се разбира, иронична сум. Искрено, вакви и слични прашања не разбирам, ниту некогаш ќе ги разберам. Не само што десетте мајки би ви дале десет различни совети, туку се работи за жени кои никогаш не сте ги виделе, за кои не знаете какви мајки се, колку искуство имаат, дали се добронамерни ... И сето ова не е ништо во споредба со фактот дека своето дете го лекувате на интернет. Тоа е неприфатливо.

3. Воспитување

"Жени јас не знам што да правам со моите. Еве веќе неколку недели ме удираат штом нешто не им одговара. Се обидов со се и убаво и со тепање, не помага ништо. Дали некој има таков проблем? Овие прашања едноставно ги сакам, затоа што знам дека кога ги отворам коментарите, гледам еден куп на совети како: “О удри го и ти него, мора да почувствува", "Ма, само ти пушти го да те удира, па после мисли кога ќе те тепа за 20 години!, “Богами мојот е таков, па кога секој пат три пати посилно ќе го удрам, да видиш како престана“.  

И сега што? Ќе ги послушате советите на потполно непознати мајки, кои вас ви велат дека треба да го тепате детето? А да прашате некој психолог, ако веќе мислите дека имате проблем?

Значи ново печени мајки, јас ви препорачувам да најдете рамнотежа. Јас така направив. Не ја слушав мајка ми кога ми зборуваше дека бебето е гладно до 4 месеци, ни педијатарот да му давам инстант каши, но ни мајките од групите кои се загрижуваат кога некој не ја следи нивната табела, како да се работи за Светото Писмо. Јас не лекував дете на “Facebook“, ниту го тепав своето дете бидејќи некоја мајка од групата така ми рекла.

Ги слушав експертите, професионалните веб-сајтови, новите истражувања и своите инстинкти. И мислам дека тоа е вистинската работа.

Пишува: Александра Цвјетиќ за “Зелена Училница“
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот