X
 07.06.2017 Живот

Планот на Германија за Западен Балкан


Западен Балкан

Германија подготвува посебна програма за Западен Балкан, кој би бил компензација за долгото чекање на влез во Европската Унија.

Повикувајќи се на дипломатски извори, српски „Новости“ наведуваат дека Германија подготвила „мини Маршалов план“ за Балканот, кој во наредните неколку години би требало да ги подигне економиите на овој регион, и тој предлог наскоро ќе се најде на масата пред eвропскиот совет во Брисел, кој би требало да го одобри и да одреди посебен фонд за балканските држави.

Споменатиот план е наречен „Берлин плус“, а средствата за негова реализација би требало да ги обезбедат Европската економска зона (ЕЕА) која ја сочинуваат сите земји членки на ЕУ плус Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), во која освен гореспоменатите држави, членува и Швајцарија.

Износот сè уште не е познат, затоа што дополнително ќе треба да се организираат и донаторски акции, но заради обемноста на проектот, во секој случај би бил значаен. Идејата е од нашиот регион, во краток период од неколку години, да се создаде економски актрактивен простор.

Фондовите, меѓу другото, би можеле да се користат и за основање на нови фирми.

Како што пишуваат „Новости“, една од главните цели е западниот Балкан да се вмрежи со инфраструктурни врски, како што се автопатишта кои би ја поврзале Србија со БиХ, или Белград со Тирана, преку Приштина.

Европската Унија на овај начин би добила обучена работна сила и технолошки подготвен регион, а целта  е преку подигнување на стандардот, Западен Балкан што повеќе да се приближи до европските партнери.

Генерално, намерата е да се „прескочи“ неизвесниот период во следните неколку години во кој ЕУ, притисната со многубројни кризи, најверојатно ќе одлучи да го запре проширувањето. Силна причина за активирање на „Берин плус“ е и да се намалат тензиите во регионот.

За Германија, Западен Балкан има големо безбедносно значење, се наведува во текстот. Прилика да се направи нешто поконкретно што се однесува до активирањето на овој план е редовниот годишен самит за Западен Балкан, што во средината на јули ќе се одржи во Трст.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот