X
 28.09.2021 Живот

Поддршка од ЕУ за вработување на младите во земјава

Претседателката на Европската комисија, Урусла фон дер Лејен, во рамки на својата прва посета на Македонија пристигна во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Овој објект е реновиран со средства на ЕУ, а денеска е презентирана изложба во фоајето која е посветена на придобивките од „Гаранција за млади“ - проект финансиран од Европската Унија и за првпат имплементиран надвор од Унијата.

Проектот „Гаранција за млади“, кој опфати 60.000 млади луѓе во земјава, има за цел да придонесе за намалување на невработеноста на младите. Покрај тоа, високиот гостин од ЕУ ја објави испораката на првата транша од 2,6 милиони евра наменети за Северна Македонија од вкупно 15 милиони евра како буџетска поддршка за образование и вработување на младите, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Претседателката на Европската комисија Урусла фон дер Лејен за време на посетата како дел од нејзината турнеја во регионот на Западен Балкан ќе се сретне со политичките лидери во земјава.

Фото: ЕК (printscreen)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот