X
 08.06.2017 Култура

Кои се највредните светски брендови?

брендови
Фото: Reuters

Вредноста на најголемите светски брендови оваа година е поголема за 8%.  Редовното годишно истражување „BrandZ GLobal Top 100“ од маркетиншките агенции „WPP“ и „Kantar Millward Brown“, оваа година „Google“ вреди 245.6 милијарди долари или 7% повеќе од минатата година. Меѓу првите 5 се „Apple“, „Microsoft“, „Amazon“ и „Facebook“.

Инаку, од првите 10, дури 9 се американски компании и една кинеска, „Tencent“. Доминацијата на американските брендови ја потврдува и распределбата по региони. Првите 10 североамеринакси брендови вредат за 12% повеќе на 1.4 милијарди долари додека 10-те најголеми европски брендови вредат 274.4 милијарди долари или 4% повеќе. Првите 10 од Азија вредат 391.1 милијарда долари или 9 повеќе.

За првпат меѓу најголемите 100 се најдоа и „Xfinity“, „YouTube“, „Hewlett Packard Enterprise“, „Salesforce“, „Netflix“ и „Snapchat“ и операторот „Sprint“. Сепак, најголем пораст бележи компанијата „Adidas“ - сега вреди 58% повеќе.

Колку светот брзо се менува покажува и податокот што оваа година меѓу најголемите 10 се наоѓаат само три компании - „Google“, „Мicrosoft“ и „IBM“ - кои и во 2006 година се наоѓаа во тоа елитно друштво. Во последните 12 години вредноста на стотина брендови скокна на 152%.

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура