X
 01.11.2015 Живот

Револуции кои се случуваат моментално во светот

Зошто светот се менува? Зошто општествата насекаде низ светот се менуваат и што тоа значи за нас луѓето?

 

револуција


1. Никој повеќе не може да го издржи моделот на вработување

Сите доаѓаат до сопствените ограничувања. Луѓето кои работат во големите корпорации не можат да ја издржат својата работа. Луѓето сакаат да побегнат и да остават се` позади себе.

2. Моделот на претприемништво се менува

Пред неколку години започнаа стартап компаниите. Илјадници претприемачи започнаа да ги реализираат своите идеи кои ќе им донесат милиони. Огромен успех беше да ги финансира некој инвеститор.

Но, што се случи откако инвеститорот им ја финансира идејата? Повторно станувате вработен. Имате луѓе кои не се усогласени со вашиот сон, на кои не им е грижа за вашата цел.

Многу луѓи патат поради ова. Брилијантните почетници започнуваат да пропаѓаат поради моделот на компаниите за пари кои никогаш нема да пропадне. Потребен е нов модел на претприемништво.

3. Се` поголема соработка меѓу луѓето

Многу луѓе сфатија дека нема смисла нешто да прават сами. Работите се менуваат, сите движења на економијата и соработки се насочени кон оваа насока на развој. Подемот на соработка, споделувањето, помошта е нешто што навистина го подобрува општеството.

4. Конечно започнуваме да сфаќаме што е интернетот

Интернетот е неверојатно спектакуларна работа и дури сега, после толку години започнуваме да ја сфаќаме неговата моќ. Со интернетот светот се отвора, паѓаат бариерите, се завршува одделноста, започнува заедницата, се проширува соработката и помошта излегува на површина.

Некои земји направија револуција преку интернетот како на пример Арапската пролет. Во Бразил веќе започна да се користи подобро оваа одлична алатка. Интернетот ја ограничува масовната контрола. Нема повеќе телевизија, нема повеќе вести кои прикажуваат само новости кои само тие сакаат да ги читаме.

Можете да следите што сакате, можете да комуницирате со кого сакате. Можете да истражувате што сакате и кога сакате. Со интернетот малите луѓе стануваат големи. Анонимните стануваат познати. Светот се обединува, а системот би можел да пропадне.

5. Пад на прекумерната потрошувачка

Доста години наназад бевме изманипулирани и стимулирани на манична енергија и купување на се` што е на пазарот. Моравме да ги имаме најновите автомобили најновиот модел на iPhone, најдобрите брендови, облека, чевли, се`. Но, многу луѓе сфатија дека ова повеќе нема никаква смисла.

Луѓето повеќе не користат автомобили, помалку купуваат, разменуваат облека, донираат, купуваат користени работи, разменуваат предмети автомобили, станови итн.

6. Здрава и органска храна


Бевме толку луди со тоа што прифаќавме се` да јадеме. Нам ни беше доволно да има добар вкус, и тоа за нас е во ред.  Бевме толку отсутни што започнаа да ни ставаат отров во храната и тоа не го забележавме. Но, некои луѓе се разбудија и го зајакнаа движењето на здравата исхрана и органската потрошувачка.

Доколку се промени свеста за нашата исхрана и навиките за исхраната, тогаш ќе се промени и потрошувачката, а големите корпорации ќе мораат да ги следат овие промени. Малите земјоделци повторно ќе се зајакнат како и луѓето кои сами одгледуваат храна.

7. Будење на духовноста

Многу луѓе започнаа да практикуваат јога или медитација, нешто што пред 10 години воопшто не се ни земаше во предвид. Но, и тоа започна да се менува.

Постои нешто што се случува и секој сака тоа да го разбере. Сака да разбере како функционираат работите, животот, што се случува после смртта, што е енергијата, што е квантната физика итн.

8. Движење против образованието

Кој го создал овој образовен модел? Кој ги избрал предметите кои мора да ги слушате? Кој ги избрал лекциите кои ги учиме на часовите по историја? Зошто не ни ја кажале вистината за другите древни цивилизации? Зошто мора се` да се следи во тишина и зошто мора да се носат униформи? Зошто да се полагаат тестови за да се докаже дека сме научиле нешто?

Создадовме модел на образование кое ги подготвува луѓето да бидат обични. За среќа, постојат многу луѓе кои работат на тоа овие работи да се променат.  
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот