X
 06.05.2019 Култура

„Игра на троновите“: Дали е уништен крајот на најуспешната серија?

Серијата позната по тоа што страдаат главните ликови ги изненади гледачите во третата епизода од последната сезона. Дали авторите го уништија крајот на „Игра на троновите“?

„Зимата доаѓа“. Овој слоган добро го знаат фановите на „Игра на троновите“ - опасноста што доаѓа од ледениот север се провлекува низ серијата уште откако почна да се емитува во 2011 година.

Борбата помеѓу мртвите и живите, светлината и темнината, е главна тема на книгата „Песна за оган и мраз“ врз која се базира серијата.

Во третата епизода од последната сезона зимата конечно пристигна, а со неа и епската борба против Ноќниот крал, Белите шетачи и војската на мртвите. Борбата изгледаше прилично добро.

tron
Фото: ЕРА

Ноќниот крал може да ги стане мртвите, огнот да го претвори во мраз што го испушта змејот, да уништи ѕид висок 200 метри што стоел на истото место илјада години, но не и да победи убиец што вешто ракува со нож.

А до крајот на сезоната останаа уште три епизоди.

Дали авторите Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс го упропастија крајот на една од најгледаните серии во историјата на телевизијата со тоа што толку рано ја прикажаа битката помеѓу доброто и злото и евтино го убија ликот на главниот антагонист?

Во последната епизода, „Долгата ноќ“, видовме како Ноќниот крал со војската на мртвите го опколи Винтерфел, обединувајќи ги луѓето на кои им се закануваше истребување.

Баш кога се чинеше дека луѓето ќе ја изгубат битката, од мракот се појави Арја Старк и го уби Ноќниот крал, кој беше олицетворение на злото.

Од првата сцена во првата епизода во која Бел шетач убива човек дознаваме дека непријателот е поголем и посилен и дека доаѓа по сите. Сега Ноќниот крал е мртов, неговата војска е уништена, а до крајот на серијата има уште три епизоди. Остана да видиме кој ќе го заземе престолот.

Постојат многу работи што треба да се решат, сè уште има многу лоши личности во игра, како кралицата Серси Ланистер. Таа и нејзиниот брат Џејми, со кој е во љубовна врска, сигурно имаат многу работи што треба да ги разрешат. Џејми ја напушти откако ги откри нејзините планови за нејзините заколнати непријатели во Винтерфел.

Тука е и Тирион Ланистер кој Серси сака да го убие бидејќи го уби нејзиниот татко со самострела. Тирион го брка и неговиот некогашен пријател Брон, кој доби наредба од Серси да ги убие и него и Џејми. Рускиот писател Чехов еднаш рекол дека ако на почетокот на првото поглавје се споменува пушка која виси на ѕид, во другиот или третиот дел оваа пушка мора да пукне. Овој самострел го гледавме многу често.

Постојат уште неколку неразјаснети односи, како оној помеѓу Сендор Клегејн познат како Кучето и неговиот бесмртен брат, Планината. Планината му го запали лицето во текот на груба игра кога биле деца.

И на крај, тука е и херојот Џон Сноу кој прави грешки и неговата љубовница и тетка, Денерис Таргариен. Тие сега треба да одлучат дали ќе продолжат како пар (за Таргариен инцесот не е нешто необично) или ќе се борат за тронот.

Песната за мразот и огнот е можеби готова, но играта на троновите сè уште трае.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура