X
 08.06.2017 Технологија

На кој начин Швајцарија се справува со загадувањето на воздухот?

Во околината на Цирих пред неколку дена почна со работа фабрика која го собира јаглеродниот диоксид од атмосферата.

објект
Фото извор: Julia Dunlop/Climeworks press

Цел на оваа фабрика е собраниот CO2 да го претвора во нови и корисни продукти, а патем да се смали загадувањето. Се планира тој да биде претворен во ѓубриво со кое растенијата би растеле 20-30% побрзо. Освен тоа, според претпоставките атмосферата ќе биде за 1% помалку загадена до 2025 со помош на уште 250.000 такви објекти.

Собирањето на јаглеродниот диоксид и неговото складирање е долгорочно решение за проблемот на загадувањето. Истражувањата за климатските промени покажуваат дека во следните 22 години може да се покачи загревањето на Земјата за 2 степена, што е особено опасно, а спасот е во Парискиот договор од кој неодамна се повлече Америка.

Индустријата за собирање на CO2 сѐ уште се тестира. Важно е како гасот ќе се складира долготрајно, т.е. да се претвори во други производи како они за загревање на стакленици, но и за производство на синтетички горива.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија