X
 09.06.2017 Наука

Новото концепт возило на НАСА наменето за истражување на Марс

Масивен ровер ќе патува низ САД ова лето, како дела од НАСА и „Kennedy Space Centre's 'Summer of Mars'“, а возилото е дизајнирано за да инспирира интерес за Црвената планета.

фото извор: seadek/Instagram

Секоја година, автомобилските производители во светот презентираат футуристички концепти на возила. Сега, една компанија го прави истото, но наместо да креираат седан или пикап камион, тие нудат „Марс ровер“. Се работи за електрично возило на 6 тркала, дизајнирано специјално за да може да се справи со предизвиците додека ја истражува површината на планетата Марс. Тежи 2.27 тони и е долго 8.5 метри. Може да достигне брзина од 96 до 112 километри на час.

Откако ќе биде презентирано на повеќе места во САД, возилото ќе биде вклучено во астронаутските обуки кои ќе се изведуваат на есен. Возилото, како и повеќето концепт автомобили, нема да биде дел од вистинска практична акција, меѓутоа може да послужи како прототип за идни возила.

Што е најважно, ќе послужи како инспирација и интерес за истражување на вселената.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука