X
 26.11.2018 Наука

Илон Маск размислува да се пресели на Марс и покрај големиот ризик да умре

Илон Маск ја разгледува можноста да се пресели на Марс и вели дека шансите се 70 отсто да го стори тоа.

- Знам точно што треба да направам - рече Маск во неодамнешно интервју.

Тој исто така вели дека ваквиот потег би можел да биде траен, додавајќи: „Мислиме дека може да се вратиме, но не сме сигурни“.

47-годишниот Маск одамна зборува за својата амбиција да патува на Марс. Тој смета дека ваков лет би можел да се случи по 7 години, со влезници чија цена би била неколку стотици илјади долари. Но, како што вели тој, свесен е дека патувањето би можело да се покаже како фатално.

mask
Фото: Getty Images


- Веројатноста да умрете на Марс е многу поголема отколку на Земјата. Ќе биде тешко. Постојат големи шанси за смрт - вели тој.

Доколку успее да слета на Марс, очекува да работи без прекин за да ја изгради базата. Како што вели тој, нема да има многу време за одмор.

- Дури и ако работиме нонстоп, сепак, постои прилично голем ризик да умреме затоа што станува збор за прилично лоша природна средина. Мислиме дека можеме да се вратиме, но не сме сигурни. Дали сето ова звучи како бегство за богатите? - вели Маск, додавајќи дека помисли рекламата за одење на Марс да биде како рекламата на Шаклтон за одење на Антарктикот.

Додека се подготвувал за неговата експедиција на Јужниот Пол во 1914 година, се шпекулирало дека сер Ернест Шаклтон поставил реклама во „Тајмс оф Лондон“ на која пишувало: „Се бараат мажи за опасно патување, мала плата, горчлив студ, долги месеци целосна темнина, постојана опасност, сомнително безбедно враќање, чест и признание во случај на успех“.

Рекламата добила одобрение од Фондацијата „Шаклтон“, но повеќето историчари сметаат дека е лажна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука