СТЕМ Академија од септември ќе започне со воведување на едукативните програми на Microsoft кои се базирани на примена на технологија во целокупниот процес на едукација. Вештините се релевантни за учениците , а ги подготвуваат за предизвиците на работните места во 21 век. Целта е да се развие критичкото мислење кај младите. СТЕМ Академија и Microsoft Македонија да се овозможи креативно размислување и визуелно учење за децата од пет до шеснаесет години, потпишаа и меморандум за разбирање меѓу двете институции.
-Прогнозите се дека околу 65 проценти од денешните ученици во иднина ќе работат на места кои сѐ уште не постојат, затоа е битно да се поттикнуваат да размислуваат критички и сами да изнаоѓаат решенија на поставените проблеми како вештини кои најмногу би им служеле во иднина. СTEM Академија посветено работи на градење на овие вештини кај децата повеќе од три години, користејќи ги светски познатите програми на ЛЕГО Education рече извршниот директот на СТЕМ Академија Жарко Поп Илиев.
-Microsoft се труди со самата промена да биде поблиску до таа популација, уште од мали нозе, кај нив ќе помагаме. Не само што се развиваат сите тие логички информации воедно и таа млада популација почнува да ги применува сите технологии од мали нозе и да се подготвува за наредниот процес кој следи во нивното живеење, рече Љупчо Георгиев, генерален директор на Microsoft Македонија.
-Компјутерските науки и СТЕМ вештините е многу важно за Microsoft образование , веруваме дека на секој студент и ученик им се потребни овие вештини бидејќи на тој начин ќе се натпреваруваат и напредуваат во еден глобален свет, кој се предвидува од страна на технологијата, рече Влора Адеми менаџер за развој на бизнисот во областа образование во Microsoft Македонија.
Инаку во некои истражувања како што додадоа од Microsoft Македонија, се предвидува дека до 2020 година ќе има околу 6 милиони нови работни места кои ќе треба да се пополнат од младите. Во оваа насока Microsoft верува и вложува многу во модернизација на образованието со цел да им се овозможи на учениците, студентите да имаат можност да научат програмирање, нови вештини од 21 век со идеја утре да станат дизајнери, креатори на технологијата ,не само корисници како што сме ние во денешно време.