„Спортувме заедно за среќно детство“ е името на проектот кој во организација на Специјалната олимпијада Македонија ќе биде презентиран утре од 11 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Програмата „Млади атлети“ е дел од проектот што траеше четири месеца на неколку групи деца во Скопје и во Тетово. Ќе бидат претставени тпридобивките за децата, преку демонстрација на стекнатите искуства.
„Млади Атлети“ е иновативна спортско-забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од 2 до 9 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава. Годинава програмата беше организирана втор пат, а подологорчаната цел е таа да биде вклучена во инклузивните училишта во земјата.
Програмата се спроведува со поддршка од Европската унија и УНИЦЕФ преку регионалниот проект кој е финансиран од Европската унија и кофинансиран од страна на УНИЦЕФ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“.
За важноста на програмата ќе зборува Ана Петровска, директорка на Специјалната олимпијада Македонија.