X
 19.08.2021 Наука

Русите ќе одобрат и петта вакцина против ковид-19

Петтата вакцина против коронавирус развиена од руски истражувачи е пред одобрување, објави шефицата на националниот санитарен надзор, Ана Попова, на стратешката сесија наречена „Национален санитарен штит: Борба против новите предизвици“, организирана од партијата Обединета Русија во вторникот.

- Четири ковид-вакцини веќе се одобрени во Русија, а петтата е на пат. Ова ќе помогне да се спречи ширењето на вирусот - посочи таа.

Кон крајот на јуни, истражувачкиот центар „Вектор“ поднесе документација за регистрирање на новата вакцина „Епивакорона-Н“. Се очекува вакцината да биде одобрена овој месец.

Бесплатната програма за вакцинација за возрасни над 18 години започна низ цела Русија на 18 јануари. Русите можат да изберат од четири вакцини одобрени во земјата, кои вклучуваат вакцини со двојна доза „Спутник V“, „ЕпивакКорона“ и „КовиВа“, како и една доза од „Спутник лајт“.

Извор: Tass.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука