Турските ученици повеќе нема да учат за еволуцијата, изјавуваат владините претставници. Одлуката доаѓа како уште еден знак на конзервативната насока кон која оди земјата под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Фото: АР
Алпаслан Дурмус, шефот на наставната програма за министерството за образование, вели дека теоријата за еволуцијата на Чарлс Дарвин е контроверзна и ќе биде отстранета од училишните програми до 2019 година.
„Ги исклучивме контроверзните теми за учениците на возраст на која тие не можат да ја разберат позадината на проблемите“, вели Дурмус.
„Бидејќи учениците во деветто одделение претходно не учеле ништо поврзано со „Потекло на животот и еволуцијата“ на часовите по биологија, овој дел ќе биде одложен за понатамошното образование“, додава тој.
Предлогот за отстранување на еволуцијата од наставниот план беше вклучен во нацрт-предлогот кој веќе го одобри Ердоган. Финалниот наставен план ќе биде објавен наредната недела.
Овој потег е дел од она што секуларните критичари го опишуваат како притаен вирус на исламизам низ некогашната гордо секуларна состојба на Турција.
Група на турски академци го критикуваат потегот велејќи дека со него Турција е ставена во иста категорија како Саудиска Арабија, каде што длабоко религиозната наставна програма забранува настава за еволуцијата.
„Предметите како што се наука и технологија во основно одделение треба да бидат претставени со перспектива која на учениците ќе им овозможи да ги поврзат со теми со кои ќе се соочат наредните години. Треба да им обезбеди еволутивна гледна точка“, велат академците.
Куранот, како и Библијата, вели дека Адам и Ева биле првите луѓе - Адам бил создаден од Бога со помош на глина, а потоа била создадена и Ева, познатака како Хава.
Еволуцијата не е широко прифатена меѓу религиозните муслимани во Турција, иако некои либерални исламски научници велат дека теоријата на Дарвин не е некомпатибилна со учењата на Куранот.
Исто така, министерството за образование планира да го намали материјалот за Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција и докажан секуларист.
Не постои место за наследството на Ататурк во
Турција на Ердоган. Неговата слика се`уште се појавува на постери и споменици низ целата земја и тој е почитуван затоа што ја овозможил независноста на Турција. Но, Ердоган и неговите колеги верски конзервативци, сметаат дека со секуларниот систем кој го оставил зад себе, ги маргинализирал и дискриминирал религиозните муслимани.