X
 24.06.2017 Живот

Убиството за кое зборува цел свет

Легендарната сцена од првиот дел од филмот „Lethal Weapon“, во која Мел Гибсон разговара со Дени Гловер после вечерата и му вели дека во Лаос, за време на Виетнамската војна, убил човек на оддалеченост од 914 метри, но со обична пушка додека дувал силен ветар.

1
Фото: Reuters

„Тoа го можат само неколку луѓе во светот“, му рекол Гибсон.

А еден од таквите е неименуваниот припадник на канадските специјални сили „Joint Task Force 2“, кој во текот на овие дена во Ирак со снајперска пушка убил припадник на терористичката група Исламска држава, на оддалеченост од 3.540 метри.

Бидејќи овие вести често пати се само шпекулации, канадската војска во четвртокот и официјално ја потврдила информацијата.

„Поради безбедноста на самата операција, како ви нашите коалициони партнери, попрецизни детали за ова дискусија ќе откриеме кога ќе дојде време“, велат од канадската армија.

Познато е само дека снајперистот се наоѓал повисоко во однос на метата и дека учествувал во операцијата за запирање на терористичкиот напад од страна на ирачките сили. Бил повикан снајперист бидејќи во областа на судирот се наоѓале и цивили. Канадскиот весник „Globe and Mail“ објaви дека убиството било потврдено и со видео снимка и други релевантни докази.

2

„Станува збор за фантастичен погодок“, вели Даниел Скасон, поранешен снајперист од британската војска кој учествувал во операциите во Ирак, Авганистан и Босна и Херцеговина.

Дека станува збор за неверојатен успех било потврдено и од други експерти кои секојдневно работат со снајперисти. „Joint Task Force 2“ е специјална единица основана во 1993 година откако канадските вооружени сили презеле одговорност за федералните операции за борба против тероризмот. Мисијата на оваа единица била да ги заштити канадските национални интереси и да се бори против тероризмот во земјата и надвор од неа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот