X
 26.10.2017 Живот

Неодговорените прашања за убиството на претседателот Кенеди

Се очекува во јавноста да бидат објавени класифицирани документи за убиството на Кенеди. Но, што е она што тие можат да го покажат, а не го знае јавноста? Што се случило тој ден?


Џон Ф. Кенеди, 35-тиот претседател на САД, беше убиен на 22 ноември 1963 година. Тој патуваше во отворена лимузина. Гувернерот на Тексас, Џон Конали, седел пред претседателот, бил ранет, но преживеал. За еден час, полицаецот Џ.Д. Типит исто така бил убиен. Набрзо потоа Ли Харви Освалд бил уапсен. За 12 часа бил обвинет за убиството на претседателот Кенеди и на Џ.Д. Типит.

На 24 ноември Освалд бил убиен во подрумот на полициската станица во Далас, од страна на Џек Руби, сопственик на локален ноќен клуб. Настанот бил прикажан во живо на телевизија. Руби бил осуден на смрт за убиството на Освалд. Поднел жалба, но, сепак, починал од канцер во 1967 година, пред повторното судење.

По една недела откако Кенеди бил убиен, претседателот Линдон Б. Џонсон поставил комисија за истражување на случајот. Во извештајот стоело дека:

-    Истрелите биле испукани од прозорец на 6. кат, од југоисточниот ќош на школата за депонирање во Тексас;
-    Истрелите ги испукал Ли Харви Освалд;
-    Немало доказ дека Ли Харви Освалд или Џек Руби е дел од некаков заговор, домашен или странски;
Постоеле и други истраги:
-    Во 1968 година, на панел-дискусија 4 доктори ги поддржале заклучоците од комисијата на претседателот Линдон;
-    Во 1975 година комисијата „Рокфелер“ не пронашла доказ за какво било вклучување на ЦИА во случајот;
-    Во 1979 година, Комитетот за убиства ја поддржал комисијата на Линдон, но истакнал дека има голема веројатност две лице да пукале во Кенеди.

Според закон од 1992 година, сите документи и материјали во врска со случајот треба да бидат целосно објавувани во период од 25 години, освен ако претседателот не го смени тоа. Крајниот рок истекува на 26.10.2017.

Други теории

Тони Гловер, која била сведок на убиството кога имала 11 години, смета дека можеби постои втор стрелец. Некои веруваат дека другиот стрелец пукал од тревниот рид, од каде што поминала лимузината на претседателот. Тони смета дека ако имало и втор стрелец, тој бил од другата страна на патот.

Џеферсон Морли, поранешен новинар, напишал неколку книги за убиства, вклучувајќи и една за поранешен шеф на ЦИА, Џејмс Англетон. Тој се сомнева дека Освалд го убил Кенеди. Вели дека фаталниот истрел поверојатно е дека дошол однапред отколку одзади, бидејќи главата на Кенеди се придвижува наназад. Парафински тест, пак,  кој бил спроведен на образот од Освалд, откако бил уапсен, покажал дека тој не ракувал со пушка, но прецизноста на тестот била ставена под знак прашалник.

Џон Конали, гувернерот на Тексас, кој патувал со Кенеди во автомобилот, рекол дека не бил погоден со истиот куршум како претседателот, што е контрадикторно со откритијата на комисијата на Линдон. Тој смета дека приказната за непознатиот човек кој дошол од никаде, Освалд, и го убил Кенеди, не е логична.

Томас Волен, автор и професор на Универзитетот во Бостон, смета дека сепак Освалд е виновникот. Тој само го поставува прашањето дали Освалд бил дел од поголем заговор? Има сознанија дека тој патувал во Советскиот Сојуз во 1959 година и аплицирал за државјанство, па живеел таму до 1962 година. Исто така, се прокламирал како марксист и ги посетил амбасадите на Куба и на Русија во Мексико, во септември 1963, два месеца пред Кенеди да биде убиен.

На крајот, многумина се скептични во врска со теориите на заговор, а и не очекуваат нови големи откритија со објавата на документите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот