X
 24.01.2024 Наука

Научниците дојдоа до ново откритие, еве како би можеле да се грееме во иднина

Научниците од германскиот универзитет во Хале и од Институтот за технологија Карлсрухе, заедно со научниците од швајцарскиот универзитет во Базел, ги анализирале температурите во 31 подземна гаража во различни градови во Германија, Австрија и во Швајцарија.

Во шест од нив успеале да ја измерат температурата на подземните води во непосредна близина.

Резултатите покажаа дека подземните гаражи ги загреваат подземните води во текот на целата година.

Врз резултатите влијаел обемот на сообраќај во подземните гаражи, нивната близина до подземните води и нивната температура.

- Бидејќи јавните подземни гаражи често се подлабоко во внатрешноста на земјата и се користат пократко време, тие повеќе ги загреваат подземните води отколку приватните објекти - вели Максимилијан Ноетен, автор на истражувањето.

Во иднина, вишокот топлина од земјата би можел да се користи со помош на топлински пумпи.

- Предноста на ова би била црпење енергија од подземните водени - вели Ноетен.

Тимот го искористил моделот за 5.040 подземни гаражи во Берлин за да го пресмета степенот на затоплување на подземните води. Научниците дошле до заклучок дека вкупната создадена енергија би можела да загрева околу 14.660 домаќинства.

- Се разбира, само топлината од подземните води не е доволна за да ги покрие потребите за греење на град како Берлин или земја како Германија. Ниту, пак, нивото на температурата на подземните води блиску до површината е доволно за загревање без топлинска пумпа. Но, од претходните истражувања знаеме дека потенцијалот на геотермалната енергија оди подалеку од ова и може да игра значајна улога во одржливото снабдување на топлината- вели Питер Баер, автор на истражувањето од Универзитетот во Хале.


Извор: n1.info.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука