X
 30.06.2017 Култура

Најдобрите филмови (засега) во 2017


Сцена од филм
(Фото: Youtube Screenshot)

Иако сме на половина од годината, некои филмови веќе се издвојуваат како извонредни нови остварувања, кои заслужуваат внимание и треба да се погледнат пред да го поминат тестот на времето. Ви претставуваме некои од нив:

After the Storm

Јапонскиот режисер Хироказу Корееда сними нов филм, кој во едниот дел е семејна драма, а во другиот вистински крими-деликатес.



Aquarius

Соња Брага игра улога на интелектуалка која одбива да го напушти својот стан и покрај обидите на алчните претприемачи да ја срушат зградата каде што живее. Филмот е оценет како извонреден приказ на корупцијата во Бразил.



Cameraperson

Кирстен Џонсон направила колаж за својата кариера во кинематографијата.



Baby driver

Интересен филм за Ансел Елгорт, бегалец  кого проблемите со тинитусот го тераат во придружба со најгласна музика да изведува импресивни маневри за да избега од законот. Во ова остварување на Едгар Рајт, играат Џон Хем, Џејми Фокс и Кевин Спејси.



Certain Womеn

Филмот проследува четири жени кои ги играат Лора Дерн, Мишел Вилијам, Лили Гледстоун и Кирстен Стјуарт, чии животи се испреплетуваат на необичен начин.



Endless Poetry

Вториот дел од делумно автобиографската трилогија на мајсторот на надреализмот Алехандро Јодоровски. Овој пат, режисерот ни дозволува увид во својот распуштенички живот во текот на педесеттите години од минатиот век во Чиле.



Free Fire

Филм на имагинативниот Бен Витли кој ги руши границите на жанровите во динамичното и живописно остварување во кое играат Килијан Марфи, Бри Ларсон и Шарлто Копли.



Get Out

Хорор филмот на годината кој публиката и критиката го обожаваат, е параноиден трилер што ги руши сите рекорди.



Graduation

Романскиот режисер Кристијан Мунгиу сними филм за лекар, кој прави сè за да ја протурка својата ќерка на студии на британски универзитет.



The Handmaiden

Еротскиот трилер на Сара Вотерс, „Fingersmith“, е возбудливо остварување на Парк Чан-вук.



I am Not Your Negro

Семјуел Л. Џексон е наратор на приказната за историјата на расизмот во САД. Тој ги чита идеите од интелектуалецот, есеист и активист, Џејмс Болдвин.



Lady Macbeth

Мрачната драма на режисерот Вилијам Олдрој ги следи интригите, прељубите и убиството во грофовијата Нортамберленд.



The Lego Batman Movie

Мрачниот витез од пластика се враќа уште во еден анимиран филм за фигуричките на данскиот производител на играчки. Гласот повторно му го позајмува урнебесниот Вил Арнет.



The Levelling   

Ветеринарка после обука се враќа на имотот каде пораснала и повторно се соочува со таткото со кого изгубила секаков контакт. Ова е првенец на надежната режисерка Хоуп Дикинсон Лич.



Logan

Хју Џекмен во улогата на Волверин ја следи младата девојка низ разрушената дистописка Америка. Ова не е филм за суперхерои.



The Love Witch

Раскошниот  филм на Ен Билер е ода на остварувањата од шеесеттите и говори за вештерка која со своите моќни еликсири ги освојува љубовниците.



Okja

„Нетфликс“ го направи својот прв блокбастер со необична приказна за правата на животните. Филм за девојче од Кореја кое се бори да ја задржи својата огромна генетски модифицирана свиња, во режија на талентираниот Бонг Џун-хо.



The Other Side of Hope (Toivon tuolla uolen)


Финскиот режисер Аки Каурисмаки, познат по своите комедии, овој пат зборува за бегалската криза. Сириец се запознава со сопственик на кафуле, кој му помага да застане на свои нозе.



Personal Shopper

Кирстен Стјуарт повторно соработуваше со францускиот режисер Оливие Асаја, а резултатот е мрачна и егзотична приказна за една асистентка која верува дека ја прогонува нејзиниот починат брат-близнак.



A Quiet Passion

Теренс Дејвис сними филм за американската поетеса Емили Дикинсон со Синтија Никсон во главната улога.



T2 Trainspotting

Поставата и режисерот на хитот од 1996 година се враќаат со продолжение после повеќе од 20 години. Приказната ги следи сега веќе средовечните ликови од култниот Trainspotting.



Their Finest

Адаптацијата на комичниот роман на Лиза Еванс ја следи Џема Артертон како писателка која почнува да прави пропагандни филмови во Втората светска војна и Бил Нај, како ѕвезда на тоа време, кој неволно се согласува да се појави во еден од нив.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура