X
 30.06.2017 Живот

Што ги предизвика екстремно високите температури во јуни?

високи
Фото: AFP

Климатските промени предизвикани од луѓето придонесоа за големите жештини во западна Европа во текот на изминатиов месец во кој во Португалија избувна шумски пожар со трагични последици, а многу држави забележале рекордно високи температури.

„Температурите за месец јуни ќе бидат за околу три степени Целзиусови повисоки од просекот во западна Европа“, беше предвидувањето на научниците, кое го пишува и во извештајот.

„Утврдивме јасни и силни врски помеѓу овомесечната рекордна топлина и климатските промени предизвикани од делувањето на човекот“, изјави Герт Јан ван Олденборг, истражувач на Кралскиот метеоролошки институт во Холандија и еден од авторите на истражувањето.

Климатските промени предизвикани од фосилните горива предизвикаа интензитет и зачестеност на ваквите горештини дури четирипати повеќе во Франција, Швајцарија, Холандија и средна Англија, а десет пати во Португалија и Шпанија, тврди истражувањето.

Научниците изјавија дека горештините најверојатно не се „каприц“ на природата и не можат да се објаснат со промените на активностите на Сонцето или другите природни фактори.

Тоа значи дека ризикот го зголемиле емисиите на стакленички гасови од човековата активност, воглавно од согорувањето на фосилните горива. „До крајот на векот, овие високи температури ќе станат норма во западна Европа“, додаваат научниците.

„Жештините можат да бидат смртоносни, особено за младите и постарите“, изјави Фредерика Ото, од Универзитетот во Оксфорд и уште еден од авторите на истражувањето.

„Клучно е градовите да соработуваат со научниците и експертите за јавно здравје за да подготват акциони планови за топлотните бранови“.

Во шумските пожари во јуни, во Португалија загинаа повеќе од 60 луѓе, а пред пожарите, во Шпанија биле евакуирани повеќе од 2.000 луѓе. Во поголемиот дел на Франција, на 21 јуни била забележаната најтоплата јунска ноќ, од почетокот на документирањето на температурата, а Англија забележа најтопол јунски ден после 41 година, кога во 1976 година бил забележан најтоплиот ден.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот