Катовице, еден од најголемите полски градови, отвора привремени паркови поради високите температури. Привремените паркови го прават јавниот простор попривлечен со засадување зеленило во урбанизирани места.
Еден ваков парк кој е отворен на главниот плоштад е уште понапреден од останатите бидејќи во него има клупи направени од стар текстил.
Фото: Pixabay
Клупите се дело на компанијата „ВИВЕ Текселенс“, а тие изгледаат како да се направени од дрво, иако се направени од 95 отсто стара облека. Облеката е термички обработена, а за да бидат трајни, клупите содржат и малку метал.
Жителите овој парк ќе може да го користат до крајот на септември.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Pixabay