X
 03.07.2017 Образование

Германските студии кои носат најголема заработувачка по дипломирањето

Студирањето во Германија станува навистина атрактивна понуда за што повеќе странски студенти. Но, кои Германски студии носат и најголема заработувачка?


Податоците од веб страницата за вработување „StepStone“, покажуваат дека медицината и стоматологијата се најмногу платени. Докторите и стоматолозите во Германија заработуваат во просек по 79.538 евра годишно. На второ место се адвокатите. Тие заработуваат во просек по 74.013 евра годишно. Најтешко е да се дојде до правните и медицинските студии во Германија, бидејќи и за двете области се бараат одлични резултати од училиште. Студентите по филозофија и хуманистички науки, пак, заработуваат поскромни плати. Просекот во овие области е 47.022 евра годишно.

Информациите се базирани на податоци од платата на 60.000 професионалци и бизнисмени со целосно работно време. Многу студенти се одлучуваат да студираат и работаат во Германија, бидејќи земјата има најниска стапка на невработени дипломирани студенти во Европа, а не се плаќаат ниту школарини.

Според „Study.EU“, Германија во моментов е најдобрата дестинација за странски студенти во Европа, над Велика Британија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование