X
 18.09.2015 Образование

Што наставниците велат за учењето и наставата?

Најголем дел од наставниците кои учествуваат во меѓународното истражување за предавањето и учењето (TALIS) велат дека се гледаат себеси како олеснувачи во истражувањето на учениците (94%) и дека учениците треба да размислуваат за сопствените решенија за практични проблеми пред наставниците да им го покажат решението (93%).

 

1


Овие одговори укажуваат на тоа дека повеќето наставници се држат кон конструктивистичките верувања, односно, тие учењето го сметаат за активен процес кој има за цел да го поттикнат критичкото и независното мислење. Во исто време, наставниците известуваат дека користат пасивна практика на предавање, како што е презентирање на резиме на неодамна научено дело, отколку активни наставни практики.

Помалку од една третина од наставниците им велат на учениците да работат на проект кој бара барем една недела за завршување (активна наставна практика). Ангажманот во професионалниот развој и позитивната клима во училницата се меѓу факторите поврзани со честата употреба на интерактивна настава.

Што всушност е TALIS?


TALIS (Teaching and Learning International Survey) е првото меѓународно истражување кое ја испитува наставната средина и средината на учење во училиштата. Истражувањето ги испитува наставници и директорите на училиштата за нивната работа, нивните училишта и нивните одделенија. Оваа анализа им помага на земјите да ги идентификуваат другите земји кои се соочуваат со слични предизвици и да научат за нивната политика.

TALIS 2013 се фокусираше на наставниците од основното образование како и нивните директори. Во истражувањето беа вклучени 200 училишта од повеќе од 30 земји со по 20 наставници во секое училиште.

Верувањата на наставниците за предавањето и учењето

 

1


Верувањата на наставниците може да влијае врз нивниот избор на методи на предавање. TALIS ги запраша наставниците дали се согласуваат дека: 1. наставниците им се олеснувачи во истражувањата на учениците; 2. на учениците треба да им биде дозволено сами да размислат за решенијата на практичните проблеми пред наставникот да им покаже како се решаваат; 3. процесот на размислување е многу поважен од одредената содржина на наставната програма и 4. студентите најдобро учат кога самите ги пронаоѓањаат решенијата на проблемите. Овие изјави ја опишуваат конструктивноста во наставата.

Практики во училницата

 

2


Наставните медтоди како што се работа во мали групи и проект-учење може да го стимулираат сеопфатниот развој на студентите и можат да им овозможат да се развие еден поширок спектар на вештини како што се оние потребни за работа во тим или критично размислување. Сепак, конструктивистичките вереувања не секогаш се претвораат во честа употреба во активните наставни практики. Табелата подолу покажува дека во целина, помалку наставници од TALIS земјите покажуваат постојана употреба на мали групи, а повеќе се насочуваат кон предавање со резиме на неодамна научена содржина (пасивна практика). Слично на тоа, поголем дел од TALIS наставниците (73%) велат дека често ги прегледуваат тетратките по домашна работа и работните на учениците, додека само 28% од наставниците им даваат проекти за кои е потребно работење повеќе од една недела.

Што значи ова во пракса?

Времето во училницата е ограничен извор, особено затоа што исто така е посветено и за административни задачи и одржување на ред и мир меѓу учениците. Активните практики како што е работа во мали групи и проектни задачи може да ги стимулира учениците да станаат критични и независни мислители. Овој вид на активно предавање и учење одговара со она во кое наставниците веруваат дека е природа на учењето и предавањето. Сепак, овие практики може да бидат понапорни и повеќе да бараат од наставникот отколку традиционалните активности како што е резиме на претходно предадена содржина. Потребно е наставниците да ги користат и активните и традиционалните методи за да се балансираат барањата на наставните програми и да се балансира ограниченото време со верувањата на наставниците и потребата да се поддржи активното учење.

Фактори поврзани со честата употреба на методи за активна настава

 

3


Неколку фактори се поврзани со почестата употреба на активни методи на учење. На пример, во неколку TALIS земји, позитивната клима во училницата и училниците со поголем процент на надарени ученици се поврзани со почестата употреба на интерактивна настава и активно предавање. Спротивно на тоа, наставниците кои имаат одделенија со висок процент на ученици кои имаат проблеми со однесувањето имаат тенденција да користат потрадиционални методи. Ова може да укажува дека наставниците сметаат дека овие училници не се соодветни за интерактивна настава или дека овие училници им ставаат преголем товар на наставниците за да им овозможат активно вклучување во наставните методи.

Во многу TALIS Земји, наставниците кои учествуваат во индивидуалните или заедничките истражувања на одредена тема од интерес или пак се членови на професионални мрежи на наставници имаат поголема веројатност да ги вклучат учениците во проекти кои бараат повеќе од недела за завршување или пак работа во помали групи.

Слично на тоа, менторството и опсервацијата се поврзани со почестата употреба на интерактивната настава и активното предавање. На овој начин, соработката меѓу наставниците може да е доста важна алатка за стимулирање на употреба на активни наставни практики.

Заклучок


TALIS покажува дека наставниците генерално се согласуваат дека предавањето и наставата треба активно да ги вклучува учениците. Сепак, реалноста е дека предавањето е често пати различно и многу наставници се потпираат во голема мера на пасивните отколку на активните наставни практики. Техниките на интерактивната настава може да имаат корист во холистичкиот развој на учениците и тоа може да им даде можност да преговараат со останатите членови на помалата група и да им дадат пракса за вештините потребни за работа во тим. Со цел да се стимулира активното учење и развивање на вештини кои ќе им бидат потребни за доживотен успех, системите треба да им помогнат на наставниците да ја избалансираат нивната пракса со повеќе активни методи. Ова може да се направи преку таргетиран професионален развој на активни наставни практики.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование