X
 03.07.2017 Образование

Најнеобичната матурска прослава


Групна фотографија на наставници и една матурантка
(Фото: МБОУ Рудјанскаја СОШ)

Училиштето во малото село Рудное во близина на Краснојарск, организираше необична прослава на матурска вечер – на неа присуствувале 13 наставници и само една матурантка!

Лера Гробунова, на почетокот во класот  учела заедно со уште 9 соученици, но пред две години сè се променило. „Бев единствената ученичка која ја следеше наставата“, раскажува Лера за весникот „Комсомолскаја правда“. „Сите ученици од мојот клас го напуштија училиштето, некои се запишаа на колеџ, некои заминаа во средните стручни училишта“.

На почетокот, Лера се чувствувала многу осамено. Необично е еден ученик сам да седи во школските клупи и да одговара на прашањата од наставниците. Петнаесет предмети и сите школски часови станале индивидуални! Сепак, сето тоа одело во нејзина корист, затоа што го окупирала  целото внимание на наставниците и не можела да избегне ниту една домашна задача!

Во десеттото одделение (Лера годинава го завршила 11-тото) има осум ученици со кои се дружи надвор од наставата. Селото Рудное има  околу 600 жители.

Лера сега мечтае да се запише на Академијата на државното обвинителство во Иркутск, каде сигурно веќе нема да биде сама.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование