18.02.2021
Образование
Матурата се поместува на 5 јуни. Ќе се полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети
Премиерот Зоран Заев и лидерот на средношколците, Бленди Ходаи, објавија дека е најдено решение за полагање на државната матура. Ќе се полагаат два екстерни предмети, два интерни предмети, ќе се формира работна група од Бирото за развој на образованието и Сојузот на средношколци, во која ќе има и наставници, а ќе одлучува за кратење на програмите за екстерните испити и со неа ќе претседава претставник од Кабинетот на премиерот.
Полагањето се одложува за една недела – наместо на 29 мај, ќе биде на 5 јуни.
Вака накусо изгледа компромисното решение што е постигнато во преговорите меѓу Владата и Сојузот на средношколци, со што се затвора прашањето за тоа како ќе се полага држaвната матура годинава.
Премиерот Заев рече дека на ваков начин ќе се обезбеди овие матуранти да можат да конкурираат на универзитетите и тука и во странство, што е целта на државната матура.
- Ги охрабруваме сите млади да бидат гласни и да се борат за подобрување, и да ни укажуваат на секој проблем, кој низ дијалог ќе го решаваме - изјави Заев.