X
 27.01.2020 Образование

Меморандум за соработка помеѓу УКЛО и Агенцијата за национална безбедност

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, ректорот проф. д-р Сашо Коруновски и директорот на Агенцијата за национална безбедност, д-р Виктор Димовски, потпишаа Меморандум за соработка. Овој чин претставува потврда на заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри.

1

Документот предвидува соработка за размена на искуства и знаења, но и едукација во повеќе области од заеднички интерес, како што се: практична настава за студентите, обуки, научноистражувачка и апликативна дејност, соработка при изработка на значајни стратегиски документи од областа на безбедноста, експертска помош, користење библиотечен фонд, организирање тркалезни маси, дебати, конференции и други заеднички настани. Меморандумот предвидува и соработка во областа на стипендирањето и доделувањето школарини, како и давање препораки за профилирање на професионален кадар од редовите на студентите на Универзитетот за потребите на Агенцијата.

2

За време на посетата на Ректоратот од страна на директорот на Агенцијата и неговите соработници, во разговорот со ректорот беше истакнато дека има широко поле за соработка во кое за специфични активности што ќе следуваат и ќе бидат иницирани од двете институции-потписнички може да се склучуваат дополнителни протоколи за соработка. Со овој Меморандум УКЛО уште еднаш ја потврдува својата заложба за отворање кон надворешното опкружување, односно кон националните и локалните институции и установи.

3

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование