Фото: YouTube Screenshot
НАСА моментално работи на развој и дизајн на Double Asteroid Redirection Test (DART), проект чија цел е да ги одбива астероидите што ѝ се закануваат на Земјата, се наведува во соопштението од агенцијата.
„DART ќе биде првата мисија на НАСА што ќе демонстрира техника на кинетички удар, одбивајќи го астероидот од орбитата на Земјата, а тестирањето ќе почне со мали астероиди кои не претставуваат закана за нашата планета“, стои во соопштението.
Енди Ченг од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ вели дека ваквиот проект е од витална важност за иднината на Земјата.
„DART е важен чекор во демонстрирањето на фактот дека можеме да ја заштитиме планетата од идните удари од астероиди. Бидејќи не знаеме доволно за нивната структура и композиција, ќе мораме да го извршиме првиот експеримент на вистински астероид. Со DART можеме да покажеме на кој начин ќе ја штитиме
Земјата од астероиди со помош на техника на кинетички удар, менувајќи ја патеката на движење на опасните објекти за да не ѝ наштетат на планетава“, истакнува тој.
Погледнете како ќе изгледа тоа: