X
 12.03.2019 Политика

Парламентарни избори со единствен кандидат и одѕив од 99,99%

Одѕивот на парламентарните избори во Северна Кореја во текот на викендот, кога гласачите можеа да гласаат за еден кандидат, достигна 99,99 проценти, резултат кој е подобар од тој на претходното гласање – 99,97 проценти.

Политичката партија на Ким Јонг-ун – Корејската работничка партија има апсолутна власт во земјата која поседува нуклеарно оружје.

На секои пет години милиони гласачи одбираат ново Врховно народно собрание. Но, сепак, во секоја област има само еден кандидат, претходно одобрен.

Годинава одѕивот изнесува речиси 100 проценти, така што на гласањето не можеа да учествуваат само тие гласачи што се наоѓаат во странство или на работа на море, објави државната агенција КЦТА.

Исто како во 2014 година, секој од 687. кандидати доби 100 отсто од гласовите.

- Сите гласачи гласаа како еден на овие избори, со што ја забетонираа власта на еден народ, цврст како карпа - се наведува во соопштението од севернокорејската ЦИК.

Фото: МИА

Јужнокорејската агенција Јонхап објави дека меѓу новоизбраните е сестрата на Ким Јонг-ун, која е меѓу најблиските соработници на севернокорејскиот лидер.

Ким Јо Чен е највлијателната жена во Северна Кореја и прв заменик-началник на одделението за пропаганда и агитација во партијата. Според севернокорејските закони, откако ќе биде избрана за пратеник, таа ќе продолжи да ја извршува и својата функција и пратеничката.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика