X
 22.05.2017 Технологија

Внимавајте! На „WhatsApp“ се шири нова измама!

Ако добиете порака на „WhatsApp“ која вели дека треба да ја промените бојата на апликацијата, игнорирајте ја. Станува збор за измама.

whatsapp

Страницата која ја испраќа пораката користи кирилични букви за да изгледа како реалната веб страница (шһатѕарр.com).

Пораката вели: „New colours for WhatsApp, now you can change your WhatsApp and leave it your favourite colours“, додавајќи дека опцијата е достапна за „iOS“, „Android“, „Windows“ и „Blackberrу“ уредите.

Потоа од вас бара да ја споделите оваа страница со уште 12 ваши пријатели за едноставна „верификација“, а наредниот чекор е инсталирање на додатокот „BlackWhats“ кој е можен само за десктоп верзија.

Она што ќе го добиете се вируси. Додатокот е отстранет од „Google“, меѓутоа изгледаше прилично уверливо и имаше четири ѕвезди и 55 гласови.

whatsapp
Фото: Imgur
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија