Центарот на Виена, кој го красат барокни замоци, споменици и згради, се најде на листата на загрозени области, а како причина се наведува градежен проект кој може да ја наруши културната вредност на подрачјето и кој треба да започне во 2019 година.
Фото: Thinkstock
Спорниот проект сѐ уште е во фаза на развој и зафаќа подрачје од 6.500 квадратни метра, а се наоѓа јужно од Штадпарк.
Овде се планира изградба на огромен хотел со луксузни апартмани, фитнес и спортски објекти, нова сала за конференции и лизгалиште на површина од 1000 метри.
Унеско постави висинско ограничување на зградите од 43 метри, меѓутоа, за нив е планирано да бидат високи и до 75 метра, за на крај висината да биде намалена на 66,3.
Градските власти на
Виена наведуваат дека сакаат да го одржат центарот на градот како културно наследство на светот, а имаат време да донесат одлука до следната година.