X
 06.10.2020 Живот

Виена воведе посебен трамвај што ги носи граѓаните на вакцинирање против сезонски грип

Во четвртокот Виена го претстави „трамвајот за вакцини“ како дел од кампањата за обезбедување бесплатни вакцини за грип на жителите.

- Целта е оваа година да се зголеми стапката на вакцини, па се надеваме дека ќе ги мотивираме жителите на Виена да ја примат вакцината - изјави градоначалникот Микаел Лудвиг. Трамвајот шест недели ќе ги вози граѓаните што закажале вакцинација.

Граѓаните и на други начини се повикани да дојдат во здравствените центри и во 600 лекарски ординации каде што ќе можат да се вакцинираат. Во Виена засега има околу 400.000 дози на вакцини, што би требало да покрие четвртина од населението.

- Целта на масовното вакцинирање против грипот е да се избегне оптоварувањето на болниците кои веќе се ангажирани со епидемијата на коронавирус, а не се знае што ќе се случува во текот на зимата - изјави Лудвиг.

Виена се надева дека повеќе жители ќе се вакцинираат за сезонски грип, а се охрабруваат да се регистрираат за место во посебниот трамвај познат како „Импф-бим“ или да се упатат кон еден од неколкуте здравствени центри или во која било од 600. лекарски ординации каде што се дава вакцината.

Трамвајот ќе се користи до 13 ноември.

- Сметаме дека оваа година можеме да имаме трикратно зголемување на стапката на вакцинација и се надеваме дека ќе мотивираме многу граѓани да се вакцинираат - изјави Лудвиг.

Случаите со коронавирус повторно растат во Европа, со над 10.000 дневно во Шпанија и во Франција. Во Австрија се регистрирани 48.896 случаи со 818 мртви случаи. Повеќе од половина од заразените се во Виена, речиси 4.500 активни случаи.

Извор: Deutsche Welle
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот